Народна банка

Хрватските куни во земјава ќе се разменуваат до крајот на годината, соопшти Народна банка

Хрватските куни ќе можат да се користат во земјава за купопродажни трансакции со банките или за размена во менувачниците заклучно со 31 Декември годинава, информираше Народната банка. Хрватската куна, според одлуката на Советот на ЕУ за приклучување на Хрватска кон евро-зоната на 1 Јануари 2023 година, останува официјално парично средство до крајот на годинава.

Од Народната банка соопштуваат дека со оглед на тоа што куната е дел од Курсната листа на Народната банка, средниот курс за денарот во однос на хрватската куна ќе се објавува заклучно со Курсната листа којашто ќе биде формирана на 30 декември и која ќе важи на 31 декември 2022 година.

Од идната година замената на хрватските куни ќе може да се направи само кај деловните банки и кај други институции во Хрватска, а од 2024 година замената ќе ја прави единствено Централната банка на Хрватска.

Прочитајте повеќе

ЦИВИЛ бара да се сопре насилството и национализмот: Кој даде „амин за јуриш“?

ЦИВИЛ бара да се сопре насилството и национализмот: Кој даде „амин за јуриш“?

ЦИВИЛ најостро ги осудува ширењето на етничката омраза и повиците на насилство кои навивачките групи …