ЈСП го активира бесплатниот превоз поради загадениот воздух

ЈСП го активира бесплатниот превоз поради загадениот воздух

Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје (ЈСП Скопје) ги информираше корисниците на јавен превоз дека, почнувајќи од денеска, се активира мерката бесплатен јавен превоз во главниот град.

Причина за воведување на мерката е надминувањето на прагот на алармирање на суспендираните честички со големина до 10 микрометри. За надминувањето на прагот на алармирање поради аерозагадувањето во главниот град и препораките поради алармантната состојба, Министерството за животна средина и просторно планирање извести во саботата.

Граѓаните во Скопје ќе можат да користат бесплатен јавен превоз сè до завршување на алармантната состојба, согласно препораките на Министерството за животна средина и просторно планирање.

Изминатиов викенд Скопје се најде меѓу најзагадените градови во светот според податоците на IQ Air. Во еден момент во текот на вчерашниот ден, македонскиот главен град беше трет по ред град во светот со најзагаден воздух.

Прочитајте повеќе

Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата со човековите права во Северна Македонија

Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата со човековите права во Северна Македонија

Работната група на Советот за човекови права на Обединетите Нации (ОН), денеска (2 мај) во …