Сугарески: Започнуваат работите за рехабилитација на патот од Дреново до Фариш

Сугарески: Започнуваат работите за рехабилитација на патот од Дреново до Фариш

На вчерашната средба со прилепските стопанственици во Канцеларијата на Регионалната стопанска комора за Прилеп, министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески го најави почетокот на работите за комплетна рехабилитација на патот од Дреново до Фариш.

Работите ќе започнат следната недела, а во зависност од временските услови, работите ќе траат од 30 до 45 денови. Сугарески рече дека паралелно со градежните работи, ќе биде објавен тендер за трите ленти на постојниот пат.

„Во делот на патот Битола-Прилеп, проектната задача е на Градежниот факултет од Скопје. Очекуваме таа најбрзо да биде завршена како идејно решение, се’ со цел да се распише тендер за проектирање на овој пат. Дополнително, што се однесува до патот преку Бабуна, постои основен проект, треба да се види ситуацијата во делот на средствата, но цврсто стоиме до она што значи поврзување на главниот град со Пелагонија. Гледам деновиве дека опозицијата предлага нешто кое што веќе се прави, проектирање на патот од Битола до границата со Грција. Сето ова е предвидено во Програмата на Јавното претпријатие за државни патишта и очекувам дека ќе има силна реализација на проектите. Она што е важно за Прилеп, е дека во програмата на ‘Македонија пат’ е внесена реконструкцијата на патот од Штавица до Мариово, како и продолжување на реконструкцијата на регионалниот пат Битола-Тополчани-Прилеп. Досега на овој пат се направени 7.5 км, дополнително ќе се направат уште 7 км до Прилеп“, изјави Сугарески.

Прочитајте повеќе

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

„Ако ВМРО-ДПМНЕ повторно добие преголема моќ, ќе се соочиме со истото што го гледавме 11 …