Акција за пошумување

Акција за пошумување во атарот на манастирот „Света Петка“ во прилепското село Лениште

Во недела на 27 март, Интернационалната полициска асоцијација Македонија – Регион Прилеп и Џудо клубот „Сеишин“ – Прилеп, организираат акција за пошумување во атарот на манастирот „Света Петка“ во с.Лениште.

Во рамките на акцијата, ќе бидат засадени околу 2.000 багремови садници.

Организаторите велат дека намерата е оваа акција да стане традиционална, секоја година да се организираат вакви или слични активности со цел зачувување на животната средина.

За сите заинтересирани кои сакаат да и’ се приклучат на акцијата, обезбеден е организиран превоз со зборно место на тргнување од пред ЦК „Марко Цепенков“ во 08.30 часот. Останатите, кои ќе користат сопствен превоз, во 09.00 треба да бидат кај манастирот „Света Петка“ во с.Лениште.

Секој учесник во акцијата за пошумување, со себе да понесе алат за садење (лопата, дурија или казма).

После завршувањето на акцијата, планирано е заедничко дружење и заеднички ручек во манастирот „Света Петка“.

Прочитајте повеќе

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Од ОБСЕ/ОДИХР велат дека гласачите имале простор за избор, но реториката станала многу негативна како …