Ако не потпише Иванов, драстично поскапување на дериватите

Ако не потпише Иванов, драстично поскапување на дериватите

Доколку до осми мај Претседателот на државава Ѓорге Иванов не ги потпише измените на Законот за енергетика, дериватите во земјава драстично ќе поскапат. Од Регулаторната комисија за енергетика за Алсат велат дека, токму на осми мај истекува договорот за малопродажба на нафта и нафтени деривати со ОКТА и ќе стапи во сила либерализиран пазар. Од тогаш Регулаторна нема да може да ги пресметува цените на дериватите во земјава. Искуството од регионот каде е воведен слободен пазар вели дека дериватите се поскапи во однос на цените во земјава за околу  40 отсто. Доколку измените на Законот ги потпише Иванов, останува регулаторот да ја одредува цената која нема да предизвика ценовен шок за граѓаните, уверува претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски.

„Најголем увозник на нафта и нафтени деривати во последните неколку години е ОКТА, и тоа изнесува помеѓу 70 и 80 отсто. Токму овој факт ни е многу битен, и сметаме дека може да се случи, еден учесник на пазарот со 80 отсто на пазарот да ги диктира цените. И поради тоа сметаме дека до конечна либерализација треба да донесеме нова методологија со која што ќе можеме и во наредниот период да ги регулираме цените, а при тоа да го анализираме и пазарното учество на сите учесници на пазарот со нафта и нафтени деривати“, вели Бислимовски.

Пред извесен период Регулаторната комисија за енергетика  поднесе иницијатива до владата за измени на Законот за енергетика, со кој треба да се утврди точната и реална состојба за определување на малопродажни цени на нафтените деривати. Овие измени се поради фактот што ОКТА подолг период не произведува нафта туку само ја дистрибуира во земјава. Минатата недела Собранието ги усвои законските измени, но Законот се уште не е потпишан од претседателот Иванов.

Иванов досега не ставил параф на ниту еден закон кој го донесе Собранието, а го содржел новото име на земјава Република Северна Македонија. Алсат се обиде да стапи во контакт со претседателот Иванов и да добие одговор, дали граѓаните ќе бидат доведени пред свршен чин и ќе купуваат за речиси 50 отсто поскапи деривати, затоа што шефот на државата решил да не попушта и да не потпишува закони. Одговор не добивме.

Извор: АлсатМ

Прочитајте повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените за задолжителна осигурителна полиса

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените за задолжителна осигурителна полиса

Заменик- претседателот на Владата, Фатмир Битиќи на својата официјална фејсбук страница имаше реакција на едностраната …