АМСМ: Мостот на реката Брегалница кај село Долни Балван, општина Карбинци, да не се користи од автобуси и товарни возила

АМСМ: Мостот на реката Брегалница кај село Долни Балван, општина Карбинци, да не се користи од автобуси и товарни возила

Информација на АМСМ за состојбата на патиштата:

Од 06.30 часот на патниот правец Маврово – Дебар кај с.Косоврасти, сообраќајот е дозволен само за лесни возила кој се одвива по девијација. Забрана за сообраќај важи само за тешки товарни возила.

Сообраќајот на патниот правец Струмица – Мокрино – Смолари кај Мокрински извори е во прекин поради нанос на коловозот и поплава. Екипите на ЈП „Македонијапат“ работат на расчистување на коловозот и нормализирање на сообраќајот.

Поради можност за намалување на носивоста на еден ред столбови на мостот на река Брегалница кај село Долни Балван, на локалниот пат село Долни Балван – село Таринци, Општина Карбинци заради безбедност на учесниците во сообраќајот препорачува мостот да не се користи од товарни возила и автобуси, а за останатите учесници во сообраќајот внимателно возење и прилагодување на брзината на возење спрема новонастанатата состојба.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. На патниот правец Тетово – Попова Шапка има остатоци од кашест снег по интервенција на екипите на ЈП Македонија Пат.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Прочитајте повеќе

обвинителство

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Маскиран со „фантомка“, влегол во казино во Лешок и со автоматска пушка, која на граѓаните …