Анкета на Фокус: Внатрешниот судир го подели рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ, ќарот е за СДСМ

Анкета на Фокус: Внатрешниот судир го подели рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ, ќарот е за СДСМ

Фокус“ го објавува своето најново истражување на јавното мислење за повеќе актуелни теми кое беше најавено во текот на вчерашниот ден.

Ги прашавме граѓаните кое е нивното мислење за политичката и економската состојба во земјава. Како медиум кој редовно ја следи и анализира политичката сцена, фокусот го поставивменанајновите политичките односи,ставовите на граѓаните во врска со изборите во 2024, но и евалуација на економските мерки и политики.

Ова се резултатите од истражувањето на јавното мислење, спроведено преку телефонска анкета на 1.200 испитаници од страна на агенцијата „STRATUM R&D“ на почеток од овој месец, октомври 2023 година, за потребите на „Фокус“.

Очекуваме дека истражувањето ќе привлече внимание кај граѓаните, читателите, но и кај стручната јавност. Ви претставуваме интересни аспекти вредни за анализа, особено за тоа како политичките односи влијаат на перцепцијата на граѓаните.

Пад на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ, внатрешните поделби ја ослабнаа партијата

Согласно резултатите од истражувањето, внатрешните поделби во опозициската ВМРО-ДПМНЕ се прелеваат и кај расположението на гласачкото тело односно директно влијаат на перцепцијата на граѓаните.

Заклучок е дека Судирот Мицкоски – Груевски ја ослабна партијата и видливо го намали рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку внатрешниот раскол се преслика и на претстојните избори и се случи нов политички субјект или поддржувачи на Никола Груевски да истапат на парламентарните избори со сопствени листи, како што се шпекулира во политичките кругови како веројатност,поделената ВМРО-ДПМНЕ ќе доживее пораз.

На прашањето „Кога изборите би биле денеска, за која партија е најверојатно да гласате“ за ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоски се изјасниле 10.1% од испитаните граѓаните додека пак за нова партија од ВМРО-ДПМНЕ предводена од Никола Груевски се изјасниле 9.2% од граѓаните. За СДСМ предводена од Димитар Ковачевски се изјасниле 15.8% од испитаниците и во вакви околности владејачката партија избива на прво место.

Ова значи дека од кулминација на поделбите во ВМРО-ДПМНЕ најголема корист има СДСМ. Гласачкото тело на ВМРО-ДПМНЕ е поделено и речиси кај половина има расположение да поддржат нова партија предводена од Никола Груевски. „Фокус“ веќе го анализираше судирот во ВМРО меѓу Мицкоски-Груевски. Останува да се види дали моменталното расположение на гласачкото тело на десницата ќе доживее крешендо, но секако пресметките во десницата тектонски се рефлектираат на рејтингот на опозициската партија.

Анкета на Фокус: Внатрешниот судир го подели рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ, ќарот е за СДСМ

Кај албанските политички партии ДУИ е стабилна и води со 6.2% од испитаниците. За Коалицијата на Алтернатива, БЕСА и Демократското движење се изјасниле 4.2% а за Алијанса на Албанците 2.7% од граѓаните.

Груевски го топи рејтингот на Мицкоски, ќарот од судирот е за Ковачевски

Според резултатите од анкетата, поделеноста на гласачкото тело на ВМРО-ДПМНЕ и дистрибуцијата на табори на Мицкоски и Груевски доведува до политички ќар за Ковачевски при што тој со својот рејтинг избива над вмровските лидери кои се во конфликт.

Извор: ФОКУС

Целиот текст ТУКА

Прочитајте повеќе

Ќе го урнат ли Мицкоски и Мицотакис Преспанскиот договор

Ќе го урнат ли Мицкоски и Мицотакис Преспанскиот договор

Добра волја за пошироко толкување на Преспанскиот договор нема ниту партијата која ќе го предводи …