Од Апелациониот суд во Скопје за Порталб.мк потврдија дека одлуката за случајот „Монструм“ е објавена и според истата, одбиени се жалбите на осудените, а воедно и првостепеното решение, поточно Кривичниот суд Скопје, е потврдено.
„Одлуката е објавена, жалбите на осудените се отфрлени и првостепената пресуда е потврдена“, велат за Порталб.мк од Апелациониот суд.
Според првостепената пресуда, изречена на 23.02.2021 година, за случајот „Монструм“, поточно петкратното убиство кај Смилковското езеро, по предлог на Обвинителството, прогласени се за виновни вкупно 5 лица.
Алил Демири и Африм Исмаилловиќ (кои се во бегство во Косово) заедно со Агим Исмаиловиќ се осудени на доживотен затвор за дело „тероризам“, Фејзи Азири е осуден на 15 години затвор за „помош“, додека Хаки Азири е осуден на 9 години затвор, исто така за помагање.
Обвинетиот Сами Лута беше прогласен за невин откако Обвинителството го повлече обвинението поради недостиг на докази. Одбраната ја оспори одлуката. На 26 февруари 2021 година во Скопје се одржаа протести во организација на членовите на семејството на осудените. Протестот започна во Чаир, а дестинација беше Владата, но полицијата постави полициски кордони кај ТЦ Мавровка за да ги спречи демонстрантите по што дел од демонстрантите фрлаа со камења и предмети кон полициските сили.
Во судирот беа повредени 11 полицајци, а нападната беше и новинарската екипа на МТВ. За ова беа уапсени 12 демонстранти, а на 5 лица им е изречена мерка притвор. Претходно, на 29 јануари 2021 година, откако Обвинителството го даде последниот збор и побара обвинетите да бидат прогласени за виновни, членовите на семејствата протестираа против обвинителката Фатиме Фетаи.
Извор: МЕТА