колаж прилепско езеро пред и потоа

Спортско-рекреативен центар „Прилепско езеро“: Кога гордоста станува срам

На денешен ден пред една година, 06.09.2021, во употреба беше пуштен спортско-рекреативниот центар кај прилепското вештачко езеро.

Со средства на ЕУ во висина од над 800.000 евра, просторот околу вештачкото езеро доби мултифункционална намена, со изградени:

  • мултимедијален простор под сенките на боровата шума, комплекс од 3 летниковци и 20 клупи за седење;
  • плато за одржување на културни и забавни манифестации, концерти и место за дружење на посетителите;
  • кошаркарско игралиште со трибина;
  • игралиште за одбојка и 4 маси за пинг-понг, оградени и осветлени за користење во вечерните часови;
  • 4 детски игралишта со соодветни содржини за најмладите посетители;
  • пешачкa патекa со широчина од 1,5 метри и должина од 700 метра, осветлена со канделабри по целата должина;
  • пристапна рампа, со што на лицата со инвалидитет им е овозможен пристап до сите содржини од спортско-рекреативниот комплекс.

За одржување на чистотата набавени беа контејнери и ново комунално возило за подигање на сметот со капацитет од 13 метри кубни, изграден беше паркинг простор за моторни возила и велосипеди, а на целиот потег во зоната поставени беа клупи, корпи за отпадоци, информативни табли и патокази.

Она што минатата година беше гордост на прилепчани, сега е срам за градот и за надлежните институции: уништени детски реквизити и елементи од спортските игралишта, оштетени клупи и пешачки патеки, украден трансформатор, нефункционален видео надзор, нема осветлување, спортско-рекреативниот центар е потонат во мрак.

Фотографиите „некогаш и сега“ само делумно ја доловуваат состојбата на терен. Вистинската слика е многу пострашна.

НЕКОГАШ

СЕГА

Прочитајте повеќе

Предлог-буџетот за 2025 пред пратениците на 10 декември

Предлог-буџетот за 2025 пред пратениците на 10 декември

Расправата за Предлог-буџетот за 2025 година ќе почне на седницата која е закажана за 10 …