Архитект Јовески: Основниот проект за детската градинка во „Точила“ е проектиран согласно законските регулативи и правилници

Архитект Јовески: Основниот проект за детската градинка во „Точила“ е проектиран согласно законските регулативи и правилници

Демант на дипломираниот инженер архитект Филип Јовески, на изјавата за ТВ Алфа на директорката на ЈОУДГ „Наша иднина“ Прилеп, Христина Трпческа, за наводните пропусти при проектирањето на објектот на новата детска градинка во прилепската населба Точила.

Проектот за детската градинка во населбата Точила во Прилеп е изработен по барање на инвеститорот – Општина Прилеп. Изработената техничка документација за Основниот проект (со локација нас. Точила, ДУП четврт 2, блок 2.3, ГП бр. 2.3.01), е во согласност со издадениот Извод од план (добиен од Секторот за урбанизам, комунални работи и заштита на животна средина, Општина Прилеп со број 10-972/2  од 08.07.2020 година) и Проектната  програма  од нарачателот, Општина  Прилеп.

Занималните и јаслите во градинката во однос на бројот на деца по занимални, минималната потребна површина по дете како и сите останати простории, проектирани се согласно параметрите наведени во Законот за градење, според Правилникот за стандарди и нормативи вршење на дејноста на установите за деца (Службен весник бр.28 од 06.02.2014), Законот за заштита на деца, како и во консултација со стручни лица од Министерството за труд и социјална политика.

Санитариите се проектирани во согласност со член 13 од Правилникот за стандарди и нормативи вршење на дејноста на установите за деца (Службен   весник бр.28  од  06.02.2014). Спрема правилникот, во јаслите (за деца до 2 години) вакви прегради не се потребни и не се предвидени, додека сите санитарии од проектот, од секоја занимална за деца од 2 до 6 години имаат посебни простори со мијалници, и посебни со кабини со прегради, согласно законските регулативи и правилници.

Во член 23 од истиот Правилник се наведени сите нормативи за проектирање на централна кујна. Централната кујна во градинката во Точила е проектирана спрема тие нормативи и во консултација со стручни лица од Министерството за труд и социјална политика кои се експерти во оваа област. Никаде не е наведено дека требаат некакви преградни ѕидови во самиот кујнски простор. Сите магацини, соблекувални, предпростории и санитарии се проектирани спрема правилникот и се одделени со преградни ѕидови и соодветни врати од главниот кујнски простор каде се подготвува храната.

Висината на штекерите предвидена спрема проектната програма, како и во техничкиот опис од Основниот проект за електротехника, е во согласност со Правилникот, односно со висина од 1.8 м.

Ограда околу целата локација не е предвидена со основниот проект за изградба на градинка, затоа што за изградба на ограда со потпорен ѕид, законски е потребен посебен Градежно-конструктивен проект, со посебно одобрение на градба, кој беше предвиден да се направи пред завршувањето на градењето на градинката.

Филип Јовески, дипломиран инженер архитект

Прочитајте повеќе

земјотрес

Во Берово и Пехчево почуствуван земјотрес со јачина од 3,2 степени

Според досегашните податоци, земјотресот е почувствуван од жителите овие подрачја, а интензитетот се движи од …