Бени Шаќири е нов директор на МКЦ

Бени Шаќири е нов директор на МКЦ

Музичарот Арбен Шаќири од денеска е назначен за директор на Младинскиот културен центар, а од утрово веќе дошол во МКЦ. Тој ја поднесе својата кандидатура за директорското место изминатата година. Другите кандидати за оваа позиција беа продуцентот и филмски работник Никола Мадиќ, кој е сопруг на заменичката-министер за правда Викторија Аврамовска-Мадиќ, како и Владимир Стојчевски, дипломиран продуцент и професор, магистер по менаџмент на јавни установи.

Мета се обиде да стапи во контакт со Шаќири, но тој не одговори на нашите повици.

На почетокот на 2023 година, програмскиот колегиум на МКЦ објави на социјалните мрежи дека претходниот директор Ванчо Богоев бил сменет од својата позиција поради „неподлегнување на екстремните притисоци од Генералниот секретар на Град Скопје да потпише вработување на Шаќири“. На неговото место како в.д. директор дојде Никола Алексов, дипломиран детектив, без работно искуство во областа култура.

Шаќири беше претендент за директорската позиција и во 2019 година. Тогаш, повеќе од 200 независни уметници и активисти се потпишаа на отворено писмо во кое се спротивставуваа на тоа, Шаќири да биде директор, сметајќи дека не ги исполнува условите за раководење со МКЦ.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Пендаровски и Џафери со честитки

Пендаровски и Џафери со честитки по повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот

Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, …