бензин дизел бензинска

Бензинот поскапува за два, дизелот за половина денар

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, донесе одлука со која малопродажните цени на дизелот и на екстра-лесното масло за домаќинство се зголемуваат за половина денар за литар. Од вечерва на полноќ дизелот и екстра-лесното масло за домаќинство ќе изнесуваат 49,50 денари за литар.

Малопродажните цени на бензините „еуросупер БС-95“ и „еуросупер БС-98“ се зголемуваат за 2 денари за литар и со тоа малопродажната цена на „еуросупер БС-95“ од ноќеска на полноќ ќе изнесува 60,50 денари за литар, додека малопродажната цена на „еуросупер БС-98“ ќе изнесува 62,50 денари за литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,762 ден/кг и ќе изнесува 25,311 денари за килограм.

Прочитајте повеќе

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Големо мнозинство од испитаниците (83,8%) рекле дека сметаат оти студентите не можат да ги си …