Во полн ек изградбата на резервоар за вода за пиење во крушевско Белушино

Во полн ек изградбата на резервоар за вода за пиење во крушевско Белушино

Изградбата на резервоарот за вода за пиење во с. Белушино, општина Крушево, се наоѓа во напредна фаза. Реализацијата на проектот вреден 2.601.900 денари, започна во мај ова година.

„Во напредна фаза сме со овој проект. Резервоарот ветуван две децении, конечно се реализира. Жителите на Белушино немаа други барања освен овој резервоар, чија изградба и ставање во функција еднаш засекогаш ќе го регулира водоснабдувањето на месното население“, вели градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски.

Резервоарот се реализира во рамки на програмата за работа на Министерството за транспорт и врски.

Прочитајте повеќе

Македонија времено ги прекинува исплатите на средства од ИПАРД

Македонија времено ги прекинува исплатите на средства од ИПАРД

Министерството за финансии информира дека земјава, преку органите за управување  на средствата од ИПА/ИПАРД инструментот на …