Бензините поевтинуваат за денар, дизелот за два

Бензините поевтинуваат за денар, дизелот за два

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,4 отсто. Од ноќеска на бензинските станици низ земјава цената на бензините се намалува за 1 денар за литар, додека цената на дизелот се намалува за 2 денари за литар.

Еуросупер БС-95 од ноќеска ќе има малопродажна цена од 80 денари за литар, додека Еуросупер БС-98 ќе може да се набави за 82 денари за литар. Еуродизел БС на бензинските станици ќе чини 80 денари за литар, додека екстра-лесното масло за домаќинство ќе изнесува 78,5 денари за литар.  Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,127 денари за килограм и сега ќе изнесува 51,535 ден/кг.

Прочитајте повеќе

Граѓаните ќе може да ја тужат државата пред Управен суд поради загаден воздух

Граѓаните ќе може да ја тужат државата пред Управен суд поради загаден воздух

Овој начелен став го донесе Врховниот суд на денешната јавна седница, каде судиите расправаа во …