Вучиќ

Бесплатно, во полни автобуси, симпатизери на Вучиќ се мобилизираат за вечерашниот митинг во Белград

Претседателот на Народното движење за слобода, Мирослав Паровиќ, извести дека „неколку илјади лица“ вработени во јавните претпријатија, државната администрација и локалните самоуправи „утрово исчезнале од своите работни места“

Српскиот претседател Александар Вучиќ и неговата Српска напредна странка (СНС) мобилизираа стотици поддржувачи за да присуствуваат на големиот собир кој ќе се одржи вечерва во Белград.

Полни автобуси со поддржувачи од регионот, меѓу кои има и од Северна Македонија веќе се упатија кон српската престолнина. Порталот на ТВ Н1 објави дека од утрово автобуси се паркирани пред Палатата Србија, а има и автобуси паркирани пред Собранието на Србија.

Македонците и Србите од земјава кои ќе присуствуваат на вечерашниот собир на Фејсбук порачаа дека „ги има многу“.

„Во огромен број се упативме кон Белград за да ја поддржиме политиката на мир, слога и стабилност!“, објави Здружението „Мир, слога, стабилност“ кое организираше бесплатен превоз.

Репортерот на Н1 рече дека се пристигнати и одреден број автобуси од Косово, иако табличките се покриени.

Од Република Српска, од Бања Лука на митингот на Вучиќ, како што јави репортерот на Н1, членови на Партија на независни социјалдемократи (СНСД) кон Белград тргнаа со помалку автобуси, но со повеќе патнички автомобили, комбиња и мини комбиња.

Претседателот на Народното движење за слобода, Мирослав Паровиќ, извести дека „неколку илјади лица“ вработени во јавните претпријатија, државната администрација и локалните самоуправи „утрово исчезнале од своите работни места“.

Паровиќ во „јавна пријава“ навел дека мнозинството од тие граѓани „прописно пристигнале на работа“ и дека се пријавиле во системот за најавување на присуство на работното место, но дека потоа „им се губи секоја трага“.

Во неделата, хрватскиот Јутарњи.хр. објави дека Вучиќ, по примерот на Слободан Милошевиќ, на митингот сака да „довлечка“ 140.000 луѓе.

Како што пренесе хрватскиот портал, Србија со денови се крева огромна хистерија поради тој настан, а медиумите на Вучиќ на своите портали безмилосно ги напаѓаат опозициските собири организирани од опозицијата во Белград во последните недели.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Уапсена директорката на Агенцијата за спречување на корупцијата на Црна Гора

Уапсена директорката на Агенцијата за спречување на корупцијата на Црна Гора

Специјален полициски тим, по наредба на Специјалното државно обвинителство на Црна Гора, на 17 април …