Без масовни собири, Владата утре ќе го одбележи Денот на независноста на нашата држава

Без масовни собири, Владата утре ќе го одбележи Денот на независноста на нашата држава

Централната прослава по повод 29 години од прогласувањето на независноста и самостојноста на нашата татковина, на која ќе се обрати премиерот Зоран Заев, ќе се одржи утре со почеток во 10:00 часот, во дворот на Владата.

Претходно, Владина делегација предводена од премиерот Заев придружуван од првиот заменик-претседател на Владата, Артан Груби и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, заменик-претседателот на Владата Љупчо Николовски, заменик-претседателот на Владата, задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Мила Царовска, министерка за образование и наука и Јагода Шахпаска министерка за труд и социјална политика, ќе положи свежо цвеќе на гробиштата „Бутел“, на вечните почивалишта на поранешните претседатели на државата Борис Трајковски и Киро Глигоров.

Свеченоста по повод Денот на независноста во организација на Владата на Република Северна Македонија, ќе се одржи во посебни услови согласно протоколот за одбележување државни празници на Комисијата за заштита од заразни болести, односно без масовни народни собири, со минимум присутни лица и почитување на здравствените протоколи и обезбедена дистанца и заштита.

Прочитајте повеќе

Филипче со Бочварски по новата делница од Градско кон Прилеп

Филипче и Бочварски возеа по новата делница од Градско кон Прилеп, работите се завршени околу 90% (ВИДЕО)

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и носителот на изборната единица 4 на СДСМ …