Безбедноста на Интернет зависи од нас, заштитете ги вашите лични податоци

Безбедноста на Интернет зависи од нас, заштитете ги вашите лични податоци

Интернетот ни дава брз пристап до информации од секој агол на светот, ни овозможува да останеме информирани за глобалните настани, обезбедувајќи подобро разбирање на светот и поврзувајќи нѐ на нови и значајни начини. Сепак, и покрај поволностите кои ни ги нуди, овој простор овозможува закани. Постојат полесни патишта за злонамерни активности (хакирање, кражба на идентитет и измама), а Интернетот придонесе и за брзо ширење на дезинформации.

Фондацијата „Метаморфозис“ потсетува за најчестите форми на криминални активности на Интернет, а тоа се кибер криминал (хакирање, фишинг измами, кражба на идентитет), онлајн измама (инвестициска измама, измама со добротворни цели, измами со техничка поддршка, измами со лотарија и награди), како и кражба на интелектуална сопственост (нелегална дистрибуција на материјал заштитен со авторски права (музика, филмови и софтвер, на Интернет).

„Заштитете ги вашите лични податоци, внимавајте кои лични информации ги споделувате на Интернет (име и презиме, адреса, телефонски број, финансиски информации, итн.). Користете силни лозинки, односно погрижете се да користите силни и уникатни лозинки, различни за сите ваши онлајн сметки. Редовно ажурирајте го вашиот софтвер – редовното ажурирање на софтверот, оперативниот систем и веб-прелистувачите може да ве заштити од безбедносни закани“, советува „Метаморфозис“.

Важно е да се проверуваат поставките за приватност на вашите социјални медиуми и други онлајн сметки за да се осигурате дека ги споделувате само информациите што сакате да бидат јавни. Потребно е да користите двофакторска автентикација, односно дополнителен слој на безбедност за вашата сметка. Најавете се со лозинка и единствен код испратен до вашиот мобилен уред.

Прочитајте повеќе

ЦИВИЛ бара да се сопре насилството и национализмот: Кој даде „амин за јуриш“?

ЦИВИЛ бара да се сопре насилството и национализмот: Кој даде „амин за јуриш“?

ЦИВИЛ најостро ги осудува ширењето на етничката омраза и повиците на насилство кои навивачките групи …