битиќи

Битиќи: 34 дејности ќе работат и во недела, за повисока плата

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи синоќа кажа дека недела ќе биде неработен ден, а оние што ќе работат во недела ќе бидат соодветно платени и ќе добијат слободен ден.

На гостувањето во дневникот на телевизија „Сител“, Битиќи посочи дека пред крај е конечното законско решение и исклучок ќе бидат 34 дејности кои ќе работат и во недела.

„Веќе сме пред крајното решение. Имаме уште мали нијанси и сметам дека следната недела ќе ги прецизираме. Ќе има исклучоци – 34 дејности и дејностите кои се поврзани со основните дејности. Оние кои ќе работат во недела ќе треба да бидат платени според колективните договори потпишани во секоја гранка и да добијат дополнителен ден одмор”, рече Битиќи.

Она за што уште се разговара е дали слободниот ден ќе треба да биде искористен веднаш во наредната работна недела или до крајот на следната.

Прочитајте повеќе

сончево со облаци

Продолжува периодот на нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Денеска ќе се задржи сончево и топло време, со мала до умерена облачност. Попладне ќе …