БИТОЛА: ПЛАНИНАРСКИОТ ДОМ „КОПАНКИ“ ВО СОПСТВЕНОСТ НА ДРЖАВАТА

БИТОЛА: ПЛАНИНАРСКИОТ ДОМ „КОПАНКИ“ ВО СОПСТВЕНОСТ НА ДРЖАВАТА

Градоначалникот на Општина Битола, Наташа Петровска донесе РЕШЕНИЕ, со кое решението за утврдување на правен статус на бесправно изграден објект донесено под УП1 број 27-5932 од 21.12.2015 година со правосилност од 23.12.2015 година за бесправен објект, донесено на име Здружение Планинарски Спортски клуб Пелистер, делумно се огласува за ништовно.

Во делот од диспозитивот на решението за утврдување на правен статус на бесправно изграден објект, донесено под горенаведениот број, во точката два во која како носител на правото на сопственост на објектот од точка еден се утврдува лицето Здружение Планинарски спортски клуб Пелистер Битола, РЕШЕНИЕТО СЕ ОГЛАСУВА ЗА НИШТОВНО.

Како носител на правото на сопственост на објектот од точка еден од решението за утврдување на правен статус на бесправно изграден објект донесено под УП1 број 27-5932 од 21.12.2015 година со правосилност од 23.12.2015 година за бесправен објект во Агенцијата за катастар на недвижности-Битола, да се изврши прибележување на сопственоста во јавните книги на запишување на име Република Северна Македонија.

Во натамошна постапка, Општина Битола од Република Македонија ќе го побара легализираниот објект на планинарскиот дом Копанки.

Прочитајте повеќе

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Големо мнозинство од испитаниците (83,8%) рекле дека сметаат оти студентите не можат да ги си …