БИТОЛА: РЕКОНСТРУКТИВНИ ЗАФАТИ ВО МЕДИЦИНСКОТО УЧИЛИШТЕ
sdr

БИТОЛА: РЕКОНСТРУКТИВНИ ЗАФАТИ ВО МЕДИЦИНСКОТО УЧИЛИШТЕ

Деновиве во СОУ „Д-р Јован Калаузи“ се одвиваат реконструктивни зафати, кои што треба да санираат низа затекнати состојби во оваа образовна институција. Повеќе од една декада, во ова средно училиште, каде што децата токму тука треба да научат што е хигиена и тоа да го применуваат постојано во пракса, не беа преземени никакви зафати во тоалетите.

Минатата година започнаа реконструктивните зафати во тоалетите, со цел да се оспособат барем дел од нив, бидејќи од постоечките три спрата, учениците употребуваа само еден тоалет. Раководството на медицинското училиште ја информираше градоначалничката Наташа Петровска дека годинава активностите продолжуваат во насока на санација на сите тоалети на спратовите.

Паралелно, се работи и на инфраструктурни зафати за партерно уредување на надворешниот дел во училиштето, кој на учениците ќе им овозможи подобар пристап на движење и катчиња за нивна релаксација за време на училишните одмори.

Прочитајте повеќе

ВМРО-ДПМНЕ во недела ќе ги соопшти имињата на министрите

ВМРО-ДПМНЕ во недела ќе ги соопшти имињата на министрите

Мандатарот Христијан Мицкоски најави дека составот на новата влада ќе биде доставен во Собранието во …