БИТОЛА: САНАЦИЈА НА ФАСАДАТА НА ОУ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“
dig

БИТОЛА: САНАЦИЈА НА ФАСАДАТА НА ОУ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“

Општина Битола обезбеди боја за премачкување на недоличните натписи на фасадата на ОУ „Св.Климент Охридски“, кои деновиве беа испишани на ѕидовите на битолското основно училиште.

„Додека некои уништуваат, сепак имаме и млади граѓани кои размислуваат на поинаков начин. Утринава, група младинци започнаа со премачкување на недоличните натписи на фасадите на основното училиште ‘Св. Климент Охридски’. Пред неколку дена се појавија вандалски натписи на ѕидовите од ОУ „Св. Климент Охридски“ во Битола , во кои беше употребен говор на омраза и недоличности, истовремено уништувајќи ја фасадата на училиштето“, се вели во соопштението на Општина Битола.

Прочитајте повеќе

За две години државните институции набавиле нови возила во вредност од 8,5 милиони евра

За две години државните институции набавиле нови возила во вредност од 8,5 милиони евра

Hајмногу возила институциите набавиле од марката Шкода, дури 90, односно една третина од сите набавени …