БИТОЛА: ЖИТЕЛИТЕ НА МАЛ ПАРИЗ ЗАДОВОЛНИ ОД ИНФРАСТРУКТУРНОТО УРЕДУВАЊЕ
dav

БИТОЛА: ЖИТЕЛИТЕ НА МАЛ ПАРИЗ ЗАДОВОЛНИ ОД ИНФРАСТРУКТУРНОТО УРЕДУВАЊЕ

Во изминатиот период, во два крака од Булеварот 1 Мај во населбата Мал Париз, на барање на тамошните жители, Општина Битола изврши реконструктивни зафати. На површина од 170 метри квадратни, беше реконструирана канализационата мрежа (атмосферска и фекална) од страна на вработените во КЈП „Нискоградба“, со средства од општината и од ова јавно претпријатие. По средувањето на комуналните проблеми, улиците се поплочени со бехатон плочки, со средства од општината.

Жителите на оваа населба изразија задоволство, што по 30 години несреденост во нивните улици, се пристапи до решавање на проблемот со отпадните води, но и со калта која ја газеа до скоро време. Од градоначалничката Наташа Петровска, директорот на КЈП „Нискоградба“, претставниците од Советот и дел од вработените во општината, кои денес извршија увид на терен во населбата, жителите побараа решавање на проблемот и со уште еден крак, во кој првично треба да се интервенира со канализацијата, а потоа истиот да биде поплочен.

Директорот на КЈП „Нискоградба“ истакна дека во овој дел има и други проблеми во однос на канализациониот систем, кои ќе се решаат постапно и ќе ги опфаќаат и периферните делови од населбата. Градоначалничката Петровска потенцираше дека дел по дел, ќе се санираат проблемите, не само во оваа населба, туку и во други улици и населби кои со години биле запоставувани и кои чекаат на некаков вид на реконструктивен зафат.

Прочитајте повеќе

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Големо мнозинство од испитаниците (83,8%) рекле дека сметаат оти студентите не можат да ги си …