Блокадата на законите ги доведува во прашање изборите

Блокадата на законите ги доведува во прашање изборите

Одржувањето на предвремените парламентарни избори во закажаниот термин е доведено во прашање поради одолговлекувањето на носењето на некои клучни закони во Собранието, предупреди премиерот Заев.

Премиерот Зоран Заев вчера предупреди дека одржувањето на изборите на12 април се проблематизира, поради блокадата на некои клучни закони за неговата влада во Собранието.

„Суштинските закони, ако предизвикаат кочење на пензии, на социјалните трансфери на покачувањето на платите, го блокираат сето она што значи живот за граѓаните, тогаш изборите може и да се одложат“, предупреди Заев.

Во пратеничката група на неговата партија се жалат дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ веќе извесно време се обидуваат да ги одолговлечат или блокираат расправите за повеќе клучни закони, чие важење треба да започне со стартот на Новата година.

Во предизборна година, за владата е од клучно значење да ги протне законите за пензии и социјални трансфери.

Генералниот секретар на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев сепак е убеден дека „нема бегање“ од договореното кај претседателот Пендаровски.

„Има помалку од 10-тина дена од заминувањето на Заев од премиерската позиција. Веројатно човекот го фаќа паника и едноставно немање на друг маневар се обидува на секој можен начин да проба да ги одложи изборите“, изјави Јанушев.

Заев се надева дека низ дебата, законите сепак ќе бидат донесени, но предупредува дека без нив нема да има распуштање на парламентот.

„Не ја гледам логиката зошто да се гласа за распуштање на парламентот“, вели Заев.

Извор: DW

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, испрати порака со оддавање почит и слава …