Бочварски од Прилеп: Со средства од Министерството за транспорт и врски, ја започнуваме реконструкцијата на улицата „Леце Котески“

Бочварски од Прилеп: Со средства од Министерството за транспорт и врски, ја започнуваме реконструкцијата на улицата „Леце Котески“

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска оствари работна посета на општините Росоман и Прилеп и изврши увид во изградба на инфраструктурни проекти што се реализираат со поддршка од Министерството за транспорт и врски.

При посетата на општина Прилеп, со градоначалникот Борче Јовчески го потпишаа договорот за реконструкцијата на улицата „Леце Котески“, една од најфрекфрентни улици во општината.

Инвестиција е преку 48 милиони денари, средства обезбедени од буџетот на Министерството за транспорт и врски. Со рехабилитација на оваа улица се подигнува безбедноста за сообраќај и ќе се овозможи побрза комуникација со жителите од прилепскиот регион. Предвидено е покрај рехабилитација на основниот коловоз да се изгради и нова пешачка и велосипедска патека во должина од 2 километри.

„Драго ми е што во континуитет помагаме на општините, им даваме силна поддршка за економски развој и подобрување на животот на граѓаните. Сите општини и сите граѓани ни се важни, не правиме поделби, напротив обезбедуваме урбан развој преку квалитетни проекти. Денешните посети во Росоман и Прилеп се потврда дека централната власт преку инвестиции во капитални проекти силно придонесува за развој на општините. Денеска во Прилеп започнува реконструкција на една од најфрекфрентните улици што ќе значи дополнителен квалитет во урбаното живеење и поврзување со другите населени места“,  потенцираше министерот Бочварски.

Овие проекти се реализираат преку проектот „Поврзување со локални патишта во општините” за што инвестираме 70 милиони евра. До сега опфатени се преку 140 улици во над 60 општини.

Прочитајте повеќе

Летово ќе биде пеколно, климатските промени си го наплатуваат данокот

Летово ќе биде пеколно, климатските промени си го наплатуваат данокот

Едни од најчестите индикатори на климатските промени се надминувањата на екстремните температурни вредности, а УХМР …