Бочварски: Во петок започнува изградбата на автопатот Прилеп-Битола, најголемиот инфраструктурен проект во регионот

Бочварски: Во петок започнува изградбата на автопатот Прилеп-Битола, најголемиот инфраструктурен проект во регионот

„Во државни рамки, Прилеп прераснува во центар на засилени градежни активости за изградба на нова современа патна инфраструктура, која несомнено ќе придонесе и за побрз и поголем економски развој на општината, но и на поширокиот регион. Потврда за тоа е почетокот на изградбата на автопатот Прилеп-Битола, чиј камен-темелник ќе биде поставен во петок. Станува збор за најголемиот инфраструктурен проект во овој дел на Македонија, за кој Владата издвои 220 милиони евра“, истакна Благој Бочварски на денешните маалски средби со жителите на урбаните заедници „Сточен пазар“ и „Рид“.

Бочварски потенцираше дека Владата, односно Министерството за транспорт и врски ги има завршено сите свои обврски за почеток на реконструкцијата на улицата „Леце Котески“, а континуирано се работи и на изградбата на експресниот пат Градско-Прилеп.

„Ние како Министерство ги исполнивме нашите обврски, обезбедивме 1 милион евра и избравме изведувач на работите за улицата ‘Леце Котески’. Очекувам дека и Општина Прилеп деновиве ќе го направи истото и дека следната недела ќе започне реконструкцијата на оваа значајна сообраќајница, во должина од 2 километра“, рече актуелниот министер за транспорт и врски, Благој Бочварски на денешната средба со прилепчани, како дел од караванот на СДСМ „Рамо до рамо до победа“.

На маалските средби со жителите на УЗ „Сточен пазар“ и „Рид“, говореа и претседателот на ОО на СДСМ Прилеп, Зоран Пачешкоски и Ивона Кузмановиќ, членка на ИО на СДСМ.

Прочитајте повеќе

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да …