Богоев од Прилеп: СДСМ го има “проклетството“ да ги носи најтешките, но и најмудрите одлуки за граѓаните и државата

Богоев од Прилеп: СДСМ го има “проклетството“ да ги носи најтешките, но и најмудрите одлуки за граѓаните и државата

„Она што мора да се каже, е дека како држава се наоѓаме во деликатна ситуација. Но тоа и не е нешто ново, бидејќи секогаш кога е на власт, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија го има политичкото ‘проклетство’ да ги носи најтешките одлуки за државата. Тоа беше случај уште во времето на Киро Глигоров, така е и денес“, истакна на денешната маалска средба со жителите на УЗ „Бончејца“ во Прилеп, потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев.

Тој напомена дека истите оние кои денес ја кочат европската интеграција на нашата земја, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, беа и против Преспанскиот договор кој ни го овозможи членството во НАТО. Токму оваа институција, рече Богоев, е најсилниот гарант за безбедноста и заштитата на територијалниот интегритет на Македонија во време кога во Украина беснее војна.

„Со носењето на уставните измени, го остваруваме сонот на илинденците, асномците, сонот на многу генерации Македонци за членство во големото семејство на европските народи. А членството во Европската Унија значи подобар живот за граѓаните, европски стандард, можност за младите полесно да одат да се школуваат во земјите на ЕУ и после да се вратат да живеат овде, во својата татковина. Членството во ЕУ значи и пристап до европските фондови и отворен пазар за македонските земјоделски производи“, нагласи потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев.

На средбата со жителите на „Бончејца“ свои обраќања имаа и Роберт Бекировски, како и претседателот на ОО на СДСМ, Зоран Пачешкоски.

Прочитајте повеќе

ДКСК ќе бара одговорност за случајот со Академијата на судии и обвинители

ДКСК ќе бара одговорност за случајот со Академијата на судии и обвинители

Одлуката на Вишиот управен суд која во неколку наврати заврши во корист на ДКСК не …