Бојкотот на наставата на дел од средношколците прекинува од утре

Бојкотот на наставата на дел од средношколците прекинува од утре

Сојузот на средношколци одлучи уште денеска ја да бојкотира наставата, а од 6 до 12 февруари привремено да прекине со бојкотот.

„Ни требаат квалитетна настава и изменета државна матура и натамошен образовен и професионален развој. Поради ова, Сојузот им остава можност и време на институциите да ги прифатат и спроведат нашите барања“, велат од Сојузот на средношколци.

Оттаму потсетуваат дека нивниот бојкот е последица за немањето слух на нивните проблеми и дека нема за цел губење на настава и учење, туку изменување на овогодинешната државна матура.

Од Сојузот претходно објавија аргументи зошто сметаат дека треба да има измени во државната матура, но од Министерството за образование и наука и натаму стојат на ставот дека за измени во матурата ќе може да се разговара идната учебна година.

Прочитајте повеќе

„Гордата Гордана“ не можела да му се спротивстави на Мицкоски

„Гордата Гордана“ не можела да му се спротивстави на Мицкоски

Сиљановска-Давкова е претседателски кандидат, а за неколку дена ќе се знае дали ќе биде идниот …