Болницата „8.Септември“ ставена во функција за потребите во справување со ширењето на инфекцијата на КОВИД-19

Болницата „8.Септември“ ставена во функција за потребите во справување со ширењето на инфекцијата на КОВИД-19

Капацитетите на Градската општа болница „8.Септември“ се ставени во функција за потребите во справување со ширењето на инфекцијата на коронавирусот КОВИД-19.

Болницата, која досега беше наменета за пациенти, коишто беа сомнителни или позитивни на коронавирусот, а им беше потребна друга здравствена услуга како интервенција – хируршка или во ангеографска сала или ендоскопска, врз основа на препораките на Главниот координативен кризен штаб за справување со КОВИД-19, во зависност од потребите ќе врши внатрешна прераспределба на материјалните капацитети и персоналот.

Во зависност од потребите во Болницата ќе се врши реорганизација на просторот и кадарот, а преку Тријажниот центар се прифаќаат пациентите.

Третина од капацитетот на Болницата во моментов е наменет за карантински оддел  со соодветни операциони сали и неопходна опрема за хируршки интервенции на сомнителни на КОВИД-19 пациенти.

Врз основа на воспоставени протоколи при приемот во болницата „8-ми Септември“ на лица кои се во животозагрозувачка состојба, тие ќе се третираат како позитивни на КОВИД-19, по што веднаш им се прави потребната интервенција и соодветно ќе бидат згрижени.

Пациентите, кои не се во животозагрозувачка состојба, а воедно се третираат како сомнителни на КОВИД-19, ќе бидат изолирани во болницата до добивањето на резултатите на тестот на коронавирусот.

Од „8.Септември“  наведуваат дека будно ја следат актуелната состојба со ширењето на КОВИД-19 и болницата е подготвена да се организира и соодветно да функционира според потребите на пациентите и дадената ситуација.

Прочитајте повеќе

Владата подготвува закон, Унгарците „во прашалници“ за милијардата од Орбан за Мицкоски

Владата подготвува закон, Унгарците „во прашалници“ за милијардата од Орбан за Мицкоски

Премиерот Мицкоски најави 250 милиони евра од кредит од Унгарија за бизнисот, македонските стопанственици го …