Болница ковид во тетово
Болница ковид во тетово

Болницата во Тетово преполнета, МЗ размислува за воведување вонредни локални мерки

Министерството за здравство (МЗ) информира дека во болницата во Тетово изминатото деноноќие има голем наплив на пациенти и се работи на интензивна реорганизација со цел соодветно згрижување на сите. Веќе се користи и болницата во Лешок, а не е исклучено пациенти да бидат префрлани во други градови.

„На колегите од Тетово им се дава соодветна поддршка во делот на кадар и сместувачки капацитети. Од пред два дена пациенти се сместуваат и во болницата во с. Лешок, а доколку е потребно пациенти ќе бидат сместувани и во други болници во близина или во Скопје. Во текот на утрешниот ден ќе се донесе одлука дали и колку дополнителен кадар кој во најкус рок ќе биде распореден“, соопшти МЗ.

Министерството размислува и за воведување дополнителни локални мерки за што ќе биде разговарано утре. Истовремено, МЗ апелира граѓаните да ги почитуваат мерките за лича заштита со цел спречување на понатамошно влошување на состојбата.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Љупчо Палевски – Палчо со авион екстрадиран во Македонија

Љупчо Палевски – Палчо со авион екстрадиран во Македонија