Украина Бахмут уништено оружје

Британски воен советник: Руските сили имаат до 30.000 жртви во борбите за Бахмут

Според британскиот воен дипломат, ваквите загуби значат дека над 800 руски војници биле убиени или ранети за секој освоен километар во Бахмут.

Руските сили од мај минатата година во борбите за освојување на градот Бахмут во Донецкиот регион имале помеѓу 20.000 и 30.000 загинати и повредени војници, пренесува Укринформ. Ова го изјави Јан Стабс, висок воен советник во британската делегација во ОБСЕ, кој вчера зборуваше на Форумот за безбедносна соработка во Виена.

„Во текот на изминатата недела, видовме интензивна борба додека Русија ја продолжува својата офанзива во Донбас. Русија трпи исклучително големи стапки на жртви. Од мај минатата година, меѓу 20.000 и 30.000 припадници на „Вагнер“ и на редовните руски сили беа убиени и ранети во само областа околу Бахмут – огромна загуба на човечки животи за вкупно територијално напредување од приближно само 25 километри“, изјави Стабс.

Според британскиот воен дипломат, ваквите загуби значат дека над 800 руски војници биле убиени или ранети за секој освоен километар, од кои огромното мнозинство се борци на платеничката војска на „Вагнер“.

Исто така, Јан Стабс истакна дека на Русија, исто така, се чини дека и снемуваат проектили, што е доказ за подолгиот интервал помеѓу руските напади врз критичната инфраструктура низ Украина.

Инаку, прорускиот лидер на самопрокламираната Донецка народна република во изјава за руската новинска агенција ТАСС призна дека нема најави за украинско повлекување од градот Бахмут. Тој посочува дека ситуацијата во Бахмут е „комплицирана и тешка“, додавајќи дека не може да увидат оти непријателот се повлекува од своите позиции, пренесува Гардијан.

Прочитајте повеќе

Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Меѓународната организација на трудот (МОТ), која е дел од Обединетите нации, проценува дека 2,4 од …