Пред точно една недела, плоштадот во Прилеп изгледаше вака….

Беше сончев октомвриски ден и беше празник за љубителите на убави возила и на гумите кои живот значат, кога зборуваме за квалитет.

МОТОЦЕНТАР – кој е секогаш прв избор за гуми и кој има свој сервис во Прилеп ,кој се наоѓа на излезот на градот пред Лукоил, приреди вистинско шоу.

Донесе брзи и неколку бесни теренски возила и ја испромовира својата богата програма на гуми и фелни кои ексклузивно ги носи во Македонија.

Актерот Игор Трпчески беше хост на настанот, беа доделени вредносни ваучери за оние кои имаа и среќа, а и знаење….

“МОТОЦЕНТАР е семејна компанија формирана далечната 1994 год.

Брои 150 вработени распоредени во 8 сервисни продажни центри, од кои четири се лоцирани во Скопје и уште четири регионални распоредени во Прилеп, Куманово, Битола и Штип. Во нив работат локални експерти за гуми и сервисирање во кои се вложени квалитетни обуки и нивниот труд и знаење се важен дел од успехот на компанијата која е лидер на пазарот за пневматици во Македонија.

Важно е да знаете е дека кога сте клиент во МОТОЦЕНТАР во Прилеп, вие сте поддржувач на локалната економија од која живеат семејства од Вашиот град. Ние веруваме во локална економија, почитувачи сме на традициите кои ги има секој град и секое населено место во Македонија и затоа сме тука, со вас од 2015та. Ви благодариме на убавиот ден во градот под Марковите Кули во кој уживаме заедно со нашиот локален тим кој е вреден дел од нашиот успех”-изјави управителот на Мотоцентар г-дин Горан Гроздоски.

На 8 октомври 2021 година Continental ја прослави 150-годишнината на компанијата. Од неговото основање во Хановер во 1871 година, Continental развива пионерски технологии и услуги за одржлива и поврзана мобилност на луѓето и на нивната стока. Од мала фабрика во Хановер компанијата се разви во еден од глобалните играчи во автомобилската индустрија и денес работи во 58 земји во светот. Continental е најстариот независен производител и еден од најголемите производители на пневматици во светот. Во изминативе 150 години компанијата, со својот пионерски дух и иновативна сила, постави стандарди во индустријата на пневматици. Повторно, токму инженерите на Continental со своите револуционерни пронајдоци обезбедија пневматиците да станат побезбедни, поефикасни и одржливи.

МОТОЦЕНТАР е увозник и дистрибутер на гумите TOYO, Nokian, Michelin, Continental, Riken, Taurus, Davanti, General Tyre и на италијанските фелни GMP.