Бугарија најавува контрапредлог за решaвање на спорот со Северна Македонија

Бугарија најавува контрапредлог за решaвање на спорот со Северна Македонија

Македонските предлози за бугарската страна се неприфатливи. Од бугарското МНР велат дека „кога ќе има изгледи за значителен напредок, бугарската страна ќе испрати свој контрапредлог.“

Македонските предлози за бугарската страна се неприфатливи. Само еден ден откако шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи, обелодени дека има документ како основа за договор со Бугарија, но се чека согласност и од Владата на Кирил Петков, бугарското МНР порача дека Софија ќе испрати контрапредлог со цел приближување на ставовите.

„За време на состанокот во февруари, Бугарија ја информираше РС Македонија дека нивните предлози не се прифатливи и дека разговорите треба да продолжат“, наведуваат од бугарското МНР во изјава за БГНЕС

Активен дијалог

Тие додаваат дека постои активен дијалог меѓу министерствата за надворешни работи на Бугарија и РС Македонија со цел да се изнајдат решенија за отворените политички прашања. Последниот експертски состанок на тимовите на МНР се одржа на 11 февруари годинава, на кој се разговараше за најновите предлози официјално испратени во декември 2021 година како одговор на предлозите на бугарската страна.

Од бугарското МНР потенцираат дека „кога ќе има изгледи за значителен напредок, бугарската страна ќе испрати свој контрапредлог со цел приближување на ставовите“.

Шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи во четвртокот (14.04) информираше дека има документ како основа за  договор со Бугарија, кој е прифатлив за македонската страна, но сѐ уште нема одговор дали тој е прифатлив и за Софија. Детали за тој документ засега не се споделуваат ниту со пратениците ниту со граѓаните.

Nord-Mazedonien PK Bujar OsmaniБујар Османи

„Има еден таков документ којшто сме спремни да го прифатиме, меѓутоа сѐ додека не добиеме одговор дека е прифатлив и за Република Бугарија сметам дека не се созреани предусловите за да можам да ги информирам пратениците и јавноста. Тој може да биде одбиен и тогаш сето тоа би било непотребно“, изјави Османи. Тој оцени дека има напредок во размислувањата како да се надмине ова прашање. На дневна основа се одвиваат комуникации меѓу македонскиот и бугарскиот државен врв.

Европски вредности

Ваквите изјави доаѓаат во пресрет на посетата на бугарскиот премиер Кирил Петков и потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова, кои во сабота (16.04) ќе присуствуваат на отворањето на новите простории на клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола.

Bulgarien | Präsidentschaftswahlen | Präsident Rumen RadewРумен Радев

Бугарскиот претседателРумен Радев порача дека Бугарија очекува Северна Македонија да ги почитува правата на своите граѓани. Тој во телефонски разговор со неговиот германски колега Франк-Валтер Штајнмајер, посочил дека во интерес на стабилноста на Обединета Европа е секоја земја кандидат за членство во ЕУ да ги почитува европските вредности поврзани со правата на своите граѓани. Притоа нагласил дека Бугарија очекува категорични резултати од Република Северна Македонија по ова прашање, пред да даде согласност за почеток на преговорите со Унијата.

Извор: DW

Прочитајте повеќе

Ќе го урнат ли Мицкоски и Мицотакис Преспанскиот договор

Ќе го урнат ли Мицкоски и Мицотакис Преспанскиот договор

Добра волја за пошироко толкување на Преспанскиот договор нема ниту партијата која ќе го предводи …