Бугарскиот премиер Петков во Брисел

Бугарскиот премиер Петков во Брисел

Бугарскиот премиер Кирил Петков заедно со министерот за финансии Асен Василев и министерката за надворешни работи Теодора Генчовска денеска во Брисел, ќе има состаноци во ЕК на највисоко ниво за да ги покаже своите први стратегии. Тие ќе се сретнат со претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен, како и со водечките еврокомесари. Петков вчера оствари телефонски разговор со американскиот државен секретар Ентони Блинкен. Бугарската влада соопшти дека Блинкен ѝ ја изразил благодарноста на САД на Бугарија како доверлив сојузник и партнер.

Во меѓувреме, бугарскиот претседател Румен Радев најави седница на Советодавниот совет за национална безбедност со цел да се разговара за односот на Бугарија кон Македонија и да бара консензус со сите политички партии во новиот бугарски парламент. Радев изјави дека за ова прашање е разговарано и со новиот премиер на Бугарија Кирил Петков. „Бугарија ќе ја отвори вратата на Република Северна Македонија само со гаранции и заштита на нејзиниот национален интерес. Доколку се постигне такво решение, тоа ќе биде историски чин, но да не заборавиме дека овој процес – и како време и како резултат, е целосно во рацете на земјата кандидат“, изјави бугарскиот претседател Радев. Бугарија ги блокира македонските евроинтеграции со тврдење дека земјава ја краде бугарската историја.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

Грчкиот дипломат Рокас доаѓа на местото на Дејвид Гир како амбасадор на ЕУ за С. Македонија

Грчкиот дипломат Рокас доаѓа на местото на Дејвид Гир како амбасадор на ЕУ за С. Македонија

Михалис Рокас е номиниран од Борел за амбасадор на ЕУ во Северна Македонија, на местото …