Царинска управа Запленет тутун

Царинска управа: Запленет тутун за кој се избегнати акцизни давачки од половина милион денари и е ризичен по здравјето на граѓаните

Запленети 235,5 килограми режан тутун за којшто е избегнато плаќање акциза во износ од над половина милион денари во координирана акција на Секторот за контрола и истраги на Царинската управа, Единицата за економски криминал при Одделот за крим полиција при Министерството за внатрешни работи и Државниот пазарен инспекторат, спроведена во текот на вчерашниот ден на пазарите во Скопје и Тетово. Во акцијата e запленет и пиротехнички материјал, односно 2.000 парчиња петарди и 27 кутии огномет.
Акциите се дел од заедничките активности на институциите коишто се спроведуваат со цел спречување пуштање на стока во промет за која не се платени акцизни давачки, како и пуштање во промет на забранета стока која е ризична по здравјето на граѓаните.

Стоката е привремено одземена, а од страна на Царинската управа до надлежните институции ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Прочитајте повеќе

„Гордата Гордана“ не можела да му се спротивстави на Мицкоски

„Гордата Гордана“ не можела да му се спротивстави на Мицкоски

Сиљановска-Давкова е претседателски кандидат, а за неколку дена ќе се знае дали ќе биде идниот …