Централен регистар, Управа за јавни приходи и Царинска управа склучија Меморандум за соработка

Централен регистар, Управа за јавни приходи и Царинска управа склучија Меморандум за соработка

Директорката на Централниот регистар – Марија Бошковска – Јанковски, Директорката на Управата за јавни приходи – Сања Лукаревска и Директорката на Царинска управа – Славица Кутиров, денес, 09.06.2022 година потпишаа Меморандум за соработка, со кој се означи почетокот на  меѓусебната соработка за успешно спроведување на проектните активности за реализација на Проектот – Надградба на Едношалтерскиот систем, чиј носител е Централен регистар.

Проектот претставува надградба на Едношалтерскиот систем, што вклучува нови услуги преку интеграција со Управата за јавни приходи и Царинска управа за автоматско добивање на податоци/документи за платени даноци, придонеси и царински давачки, интеграција со Централниот регистар на население, технолошка надградба на под системот за размена на податоци со УЈП и банките и други нови функционалности. Надградбата на ЕШС ќе ги прошири електронските услуги кои се нудат на едношалтерски принцип, ќе ги забрза и поедностави процесите на поднесување на пријави за упис, ќе придонесе во повисок квалитет на податоците кои се евидентираат во Трговскиот регистар и регистарот на други правни лица и ќе овозможи усогласување со законската регулатива.

Проектот ќе придонесе за:

• Намалување на административниот товар на субјектите на упис во делот на обезбедување на потврди од други институции.

• Намалување на административната работа кај другите институции преку дигитализација и автоматизација на процесите за генерирање на Потврди/Уверенија

• Зголемен квалитет на податоците за физичките лица – актери во субјектите на упис кои се веќе евидентирани во Централен Регистар на население.

• Зголемено задоволство на корисниците.

Покрај технолошка надградба на ЕШС, проектот предвидува и измена на постојната регулатива (Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистарот на други правни лица, Законот за трговските друштва и други закони) со цел усогласување со Законот за Централен регистар на население, Законот за електронско управување и електронски услуги и Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги. Измената на законите ќе овозможи и спроведување на уписи во регистарот на другите правни лица по електронски пат.

Прочитајте повеќе

Мицкоски го објави составот на новата Влада, ќе има четири вицепремиери

Мицкоски го објави составот на новата Влада, ќе има четири вицепремиери

Мандатарот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го објави идниот состав на новата Влада. Вечерва …