Средба на претседателот Пендаровски со Томас Бах, претседател на Меѓународниот олимписки комитет

Средба на претседателот Пендаровски со Томас Бах, претседател на Меѓународниот олимписки комитет

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Томас Бах, претседател на Меѓународниот олимписки комитет.

На средбата се разговараше за заложбите и преземените активности на Меѓународниот олимписки комитет во насока на промоција на меѓународниот спорт и мирот во светот, во услови на новите околности и променетата геополитичка состојба, предизвикана од руската инвазија врз Украина, како и последиците од пандемијата на Ковид-19. Претседателот Пендаровски беше запознат со поддршката од Меѓународниот олимписки комитет за Олимписката заедница во Украина која се заснова на солидарноста, како една од основните вредности за која се залага Олимпиското движење.

Соговорниците разговараа и за работата и ангажманот на Олимпискиот комитет на Северна Македонија во насока на унапредување на Олимпизмот и спортот во нашата држава. Во тој контекст, претседателот Пендаровски беше информиран за отворање на првата Лабораторија за спортска медицина за постигнување на високи спортски резултати, донација од Меѓународниот олимписки комитет. На средбата стана збор и за кандидатурата на Република Северна Македонија и градот Скопје за домаќин на Европските игри 2027 година.

Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет Томас Бах на претседателот Пендаровски му го врачи престижното признание – медалот „Пјер де Кубертен“.

Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет престојува во нашата држава поради учеството на Генералното Собрание на Европските олимписки комитети кое се одржува во Скопје, а на кое присуствуваат претседатели и генерални секретари од Европските олимписки комитети. Оваа година, нашата држава одбележува 30 години од основањето на Македонскиот олимписки комитет.

Прочитајте повеќе

Знаме Македонија

Од прослави за знамето до тензии и обвинувања за дестабилизација

Прославите за албанското знаме низ Северна Македонија предизвикаа инциденти и сквернавење на македонското знаме, што …