Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, упати честитка до сите верници од православна вероисповед во Република Северна Македонија во која се вели:

Почитувани сограѓани од православна вероисповед, нека ни е честит големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица.  Посакувам, празникот да го минеме пред се во добро здравје, исполнети со љубов, радост и среќа.

За жал како и минатата година и сега ќе мораме да празнуваме во изменети околности, почитувајќи ги сите правила и препораки за заштита од пандемијата на Ковид 19. Соочувајќи се со пикот на четвртиот бран да бидеме одговорни и дисциплинирани. Да им даруваме љубов на ближните, имајќи особена почит за родителите, а разбирање и прифаќање за децата.

Да не дозволиме ништо да ја разниша нашата вера и оптимизам и да ги сочуваме своите вредности и верувања без разлика на тешкотиите со кои се соочуваме.

Сплотени да продолжиме да делиме милост и разбирање, отворајќи ги срцата за сите.

Нека ни е честит празникот и за многу години.

Прочитајте повеќе

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Од ОБСЕ/ОДИХР велат дека гласачите имале простор за избор, но реториката станала многу негативна како …