Премиерот Зоран Заев ќе се обрати на финалето на Светскиот куп во олимписка дисциплина, далечинско пливање 10 км за 2021 година

Премиерот Зоран Заев ќе се обрати на финалето на Светскиот куп во олимписка дисциплина, далечинско пливање 10 км за 2021 година

Денеска во 17:00 часот, премиерот Зоран Заев, кој е воедно и покровител на настанот, заедно со заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи ќе присуствува и ќе има обраќање на „Финалето на Светскиот куп во олимписка дисциплина, далечинско пливање 10 км” кое ќе се одржи покрај Oхридското крајбрежје пред хотел Метропол, организирано од страна на пливачката федерација на Северна Македонија и светската пливачка федерација ФИНА.

Присутни гости на овој настан ќе бидат и Венко Филипче, министер за здравство и Наумче Мојсовски, директор на Агенцијата за млади и спорт.

На настанот учество ќе земат 73 пливачи од 13 земји, меѓу кои и тројца пливачи од нашата земја.

Прочитајте повеќе

На двојните избори само еднаш ќе може да се дојде на гласање

На двојните избори само еднаш ќе може да се дојде на гласање

ДИК донесе упатство со кое на граѓаните им се укажува дека ако се одлучат да …