стево прендаровски претседател

Честитка од претседателот Пендаровски по повод празникот Свети Сава

Претседателот Стево Пендаровски по повод празникот Свети Сава, упати честитка до припадниците на српската заедница во Република Северна Македонија, во која се вели:

Почитувани сограѓани од српска националност,

Дозволете во мое лично име и во името на сите граѓани на Република Северна Македонија најсрдечно да ви го честитам националниот ден на Србите во Република Северна Македонија – Свети Сава и да ви посакам празникот да го поминете пред сѐ во добро здравјеисполнети со радост и со среќа.

Денот на првиот српски архиепископ, просветител и духовник — Свети Сава, 27 јануари, е повеќе од национален ден на српската заедница во Република Северна Македонија. Тоа несомнено е еден од најзначајните духовни и национални празници на српскиот народ. Токму преку своите традиции, обичаи и богатото духовно и културно наследство, Србите, како неизоставен дел од мултиетничка Република Северна Македонија, ја збогатуваат нашата култура и оставаат печат во општественото живеење.

Почитувани,

Посакувам мудроста, духовноста и истрајноста на Свети Сава да бидат мотивација и пример за надминување на сите искушенија и тешкотии и да нѐ инспирираат во постигнувањето мирхармонија и благосостојба.

Нека е честит 27 јануари, денот на Свети Сава. 

Прочитајте повеќе

Филипче

Филипче одговори што ќе му е политика (ВИДЕО)

Д-р Венко Филипче во кратко видео објавено на неговата Фејсбук страница вели дека секогаш ќе …