Загинати цивили во Чернигов

Човечки тела по улиците во околните места на Киев

(ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА)

Расфрлани безживотни човечки тела по улиците и дворовите на разурнатите куќи. Ова е застрашувачката слика пред очите на украинските војници кои стигнаа до градот Буча, северно од Киев. Војниците ги врзуваа телата со сајли и ги извлекуваа настрана од патот, плашејќи се дека можеби на нив има експлозивни направи. Преживеаните жителите на Буча велат дека руските трупи сееле смрт без никаква причина кога се повлекувале од градот, оставајќи катастрофална состојба зад себе. Поставувале мини околу домовите, во уништената воена опрема, па дури и на телата на загинатите, предупредија украинските власти. Украина и нејзините западни сојузници објавија дека Русија ги повлекува своите сили од околината на Киев и ја зајакнува својата војска во источна Украина. Украинските власти тврдат дека повеќе од 30 населби во околината на Киев, што беа под контрола на руските сили, се вратени под украинска контрола.

-ТИЕ ЛУЃЕ САМО ОДЕА И ГИ ЗАСТРЕЛАА БЕЗ НИКАКВА ПРИЧИНА. БЕНГ. ВО СОСЕДНАТА НАСЕЛБА, СТЕКОЛКА, БЕШЕ УШТЕ ПОЛОШО. ТИЕ ПУКАА БЕЗ НИКАКВИ ПРАШАЊА, ИЗЈАВИ ЖИТЕЛ НА БУЧА.

-ЖИВЕЕШЕ, РАБОТЕШЕ ВО УРЕДУВАЊЕТО. МИРОЉУБИВ ЧЕСЕН ЧОВЕК. ПАМЕТЕН ЧОВЕК КОЈ САКАШЕ ДА РАБОТИ. А ТИЕ ЕДНОСТАВНО, БЕСРАМНО И СО ЦЕЛОСНА СВЕСНОСТ ГО УНИШТИЈА ДО СМРТ СО РУСКИ ОКЛОПЕН ТРАНСПОРТЕР, ВЕЛИ ЈУРИР, ДРУГ ЖИТЕЛ НА БУЧА

Шокиран сум од застрашувачкуите слики од злосторствата извршени од руската армија во ослободениот регион Киев, напиша Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел на Твитер и вети нови санкции за Русија. шпродолжува собирањето докази за гонење на Русија пред меѓународните судови.

Ситуацијата е ужасна и во соседниот Хостомел и Ирпин, преку мостот кој го разурнаа украинските сили за да го спречат напредувањето на руските трупи во првите денови на инвазијата, сега не поминува никој, тој беше главна врска за излез на цивилите од градот. Ирпин е сега пуст и речиси празен. Украинските власти сосјбата ја нарекоа

На 39-тиот ден од агресијата на руските сили приритетна цел е Одеса. Во овој древен пристаништен град на Црното море изутрината одекнаа две силни експлозии, а градот беше прекриен со густ црн чад. Руската војска соопшти дека нивните бродови и авиони истрелале проектили и дека е нападната фабрика за преработка на нафта и магацин за гориво од каде украинските сили се снабдувале со нафта и бензин. Засега нема информации за жртви.

-УТРОВО РАКЕТИ СО ВИСОКА ПРЕЦИЗНОСТ НА МОРЕ И ВОЗДУХ УНИШТИЈА ФАБРИКА ЗА ПРЕРАБОТКА НА НАФТА И ТРИ СКЛАДИШТА ЗА ГОРИВО ВО БЛИЗИНА НА ГРАДОТ ОДЕСА, ОД КОИ СО ГОРИВО СЕ СНАБДУВАШЕ ГРУПАТА УКРАИНСКИ ВОЈНИЦИ ВО ПРАВЕЦ НА МИКОЛАЕВ, ИЗЈАВИ ИГОР КОНАШЕНКОВ, ГЛАВЕН ПОРТПАРОЛ НА РУСКОТО МИНИСТЕРСТВО ЗА ОДБРАНА.

Руските напади уништиле и складишта за муниција во Костијантинивка и Хрешишче. Целосно е уништена нафтена рафинерија во важниот индустриски град Кременчук. Украинскиот претседател Зеленски изјави дека целта на руските сили е да го заземат источниот и јужниот дел на земјата.

-НАШИТЕ БРАНИТЕЛИ ПРОДОЛЖУВААТ ДА ЈА ВРАЌААТ КОНТРОЛАТА ВРЗ ЗАЕДНИЦИТЕ ВО РЕГИОНИТЕ КИЕВ И ЧЕРНИХИВ. СЕ ПОВЕЌЕ И ПОВЕЌЕ НАЦИОНАЛНИ УКРАИНСКИ ЗНАМИЊА СЕ ВЕАТ ВО ОБЛАСТИТЕ КОИ БЕА ПРИВРЕМЕНО ОКУПИРАНИ. УКРАИНСКИТЕ ВООРУЖЕНИ СИЛИ НЕ ГИ ПУШТААТ НАПАЃАЧИТЕ БЕЗ БОРБА, ТИЕ НАНЕСУВААТ ШТЕТА , ТИЕ ГО УНИШТУВААТ СЕКОЈ ДО КОЈ МОЖЕМЕ ДА СТИГНЕМЕ. ЈА ЗАЈАКНУВАМЕ НАШАТА ОДБРАНА ВО ИСТОЧНИОТ ПРАВЕЦ И ВО ДОНБАС. СВЕСНИ СМЕ ДЕКА НЕПРИЈАТЕЛОТ ИМА РЕЗЕРВИ ДА ГО ЗГОЛЕМИ ПРИТИСОКОТ НА ИСТОК, ИЗЈАВИ УКРАИНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ВОЛОДОМИР ЗЕЛЕНСКИ.

Жителите Мапиупол чекаат можна евакуација, бидејќи Зеленски рече дека овој клучниот пристанишен град е главна цел на Русите. Според Црвениот крст седум автобуси денеска треба да пристигнат во Мариупол  во нов обид за евакуација на цивилите.

Извор: ТВ Телма

Прочитајте повеќе

Коалицијата во ЕУ за признавање на Палестина сѐ посилна

Коалицијата во ЕУ за признавање на Палестина сѐ посилна

Иницијативата за признавање на Палестина како држава ја покренаа Шпанија и Ирска. Сега се приклучуваат …