Османи: Имало повици од наши институции да не се решава спорот со Бугарија

Османи: Имало повици од наши институции да не се решава спорот со Бугарија

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на денешниот редовен брифинг со новинарите посочи дека имало континуирани обиди Западниот Балкан да не се движи кон ЕУ.

„Сметам дека констатацијата е точна, дека имало континуирано обиди Западниот Балкан да не се движи кон ЕУ, преку играчи од регионот, а не исклучувам дека и во нашата земја, колку повеќе се зголемуваат изгледите за забрзување на европскиот пат, толку повеќе ќе се најдат се повеќе вознемирени луѓе кои работат оваа перспектива да не се случи. Оваа недела имало јавувања од С. Македонија во Бугарија каде кажувале дека непотребен е овој ангажман, бидејќи во земјава ќе се оди на избори, и дека нема да може да се постигне решение. Се јавувале и луѓе од институции, кои се на иста линија со оние кои ги коментира премиерот Петков“, кажа Османи, мислејќи на вработени во Државната агенција за национална безбедност на Бугарија кои работеле за Македонија да нема европска иднина, а вчера ги посочи бугарскиот премиер Кирил Петков.

На прашањето дали се поврзува оваа дејност со групата дипломати кои ние ги протеравме со тие кои дејствувале во Бугарија, Османи посочи дека не може директно да навлезе во активностите кои се во спротивност на Виенската конвенција, но дека контекстот е тој. „Активностите кои ги презеле биле во насока на создавање атмосфера на незадоволство во државата и може да се поврзе со слични активности во Бугарија“, рече Османи.

Тој посочи дека редовните средби со новинарите во услови кога битката меѓу вистинските и лажните вести зема замав на светско ниво е многу значајно да се одржуваат.

„Задоволен сум, што се потврдува и со факти, и што посебно го кажуваат и нашите бугарски пријатели, дека ниту една членка на ЕУ нема интерес од блокирање на европската перспектива на регионот, туку само трети страни кои сакаат Европа да биде ослабната“, рече Османи.

Посочи дека постојано се укажува дека стратешки интерес на Бугарија е да биде предводник на европската перспектива на регионот и регионот да се консолидира во правец на европското членство, бидејќи проширувањето е безбедносно прашање.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Ќе го урнат ли Мицкоски и Мицотакис Преспанскиот договор

Ќе го урнат ли Мицкоски и Мицотакис Преспанскиот договор

Добра волја за пошироко толкување на Преспанскиот договор нема ниту партијата која ќе го предводи …