Филипче

Д-р Филипче: Единствено што можел Николоски да работи на 14 години е лепење плакати

Неврохирургот д-р Венко Филипче преку Фејсбук статус одговори на тврдењата на Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ дека работи од 14 години сакајќи да го оправда фактот дека нема ниту еден ден реален работен стаж.

„На 14 години можеби единствено што можел да работи е лепење плакати“, пишува Филипче за Николоски.

Во својата објава на Фејсбук, Филипче одговора и на другите прозивки од Николоски и потенцира дека неговиот противкандидат во Изборната единица 4 нема политичка култура.

„Не сум изненаден од речникот. Сепак, морам да признаам дека не очекував Николоски да прерасне во кафански озборувач. Ваквото озборување упатува на целосно отсуство на идеи и концепт во оваа кампања, па Николоски со навреди се обидува да добие политички поени“, вели Филипче.

Филипче го потсетува Николоски дека случајот за хациендата на Водно, што тој тврди дека е негова, е затворен од Државната комисија за спречување на корупција која потврдила дека таа не е негова.

„Што се однесува до сите лаги пласирани за наводна моја хациенда на Водно за која ДКСК има одамна одлука дека не ја поседувам, ќе добие соодветна тужба. Тужба ќе добие и за другите клевети кои ги изрече“, завршува Филипче.

Прочитајте повеќе

Предлог-буџетот за 2025 пред пратениците на 10 декември

Предлог-буџетот за 2025 пред пратениците на 10 декември

Расправата за Предлог-буџетот за 2025 година ќе почне на седницата која е закажана за 10 …