Делчево: Новогодишна хумана мисија на детската градинка „Весели цветови“

Делчево: Новогодишна хумана мисија на детската градинка „Весели цветови“

Традиционалниот настан во детската градинка „Здрава трпеза“ кој секоја година се организира на 16 декември и има порака да ги учи најмалите за здравата исхрана и нејзиното значење во детскиот раст и развој, годинава доби хуманитарен карактер. Наместо подготвена трпеза во градинката, родителите и вработените во градинката подготвија пакети со храна и ги дистрибуираа до семејства кои живеат во социјален ризик во Делчево.

Директорката на градинката, Билјана Симовска, истакна дека  децата треба да започнат со менувањето на навиките, да се учат на вредности и заради тоа ,,Здрава Трпеза оваа година добива и хумана мисија.

Во светот сѐ уште е голем бројот на луѓе кои немаат доволно храна или немаат квалитетна храна додека паралелно со тоа сѐ уште се фрла  многу храна.  Ние сакавме да ги промениме навиките, да учиме за вредности, за хуманост. Од најмалите дечиња за повеќедетни семејства  на кои им е потребно. Голема благодарност за соработката на нашите родители, нивните големи души и хумани срца ќе придонесат овие дечиња да се почуствуваат поубаво пред празниците, рече Симовска.

ОЈУДГ„Весели цветови“ во оваа активност подготви околу 30 пакети кои се распределни на 15 семејства со деца кои живеат во социјален ризик.

Прочитајте повеќе

ЦИВИЛ бара да се сопре насилството и национализмот: Кој даде „амин за јуриш“?

ЦИВИЛ бара да се сопре насилството и национализмот: Кој даде „амин за јуриш“?

ЦИВИЛ најостро ги осудува ширењето на етничката омраза и повиците на насилство кои навивачките групи …