Демократско движење е името на партијата што ја формираа „огнените“ од ДУИ

Демократско движење е името на партијата што ја формираа „огнените“ од ДУИ

Демократско движење е името на новата политичка партија, што пред неколку денови ја најави пратеникот Изет Меџити.

„Името беше објавено денеска по завршувањето на рокот за давање идеи од граѓаните преку онлајн платформата www.lëvizja.mk“, соопштија од Демократското движење, која според најавите официјално ќе биде промовирана на 13 август.

Инаку, Меџити беше еден од предводниците на таканаречната „Огнена група“ во ДУИ.

„Огнената група“ е составена од поранешни министри, сегашни пратеници и градоначалници и е предводена од Изет Меџити, Муса Џафери и Блерим Беџети.

Тие се незадоволни од актуелните министри во Владата од ДУИ и сметаат дека ја узурпирале партијата со своите одлуки и се залагаа за реформи во партијата.

Во мај годинава членовите на „Огнената група“ го напуштија состанокот на Централното претседателство и најавија дека ќе функционираат како фракција во партијата, нешто што според раководството на партијата не е дозволена со статутот, како што претходно рече и лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Меџити е дел од пратениците од редовите на „огнената група“ во ДУИ, заедно со Мерита Коџаџику, кои од пред неколку дена официјално дејствуваат како независни во Собранието.

Заедно со нив ќе дејствува и пратеникот Кастриот Реџепи, кој по разидувањето со Движењето Беса дејствуваше независно во парламентот, а потоа се приклучи кон пратеничката група на ДУИ во Собранието.

Прочитајте повеќе

Се враќаат старите и пониски цени на полисите за автомобилско осигурување

Се враќаат старите и пониски цени на полисите за автомобилско осигурување

Известувањата на осигурителните компании за зголемување на цените не содржеле финансиски анализи за изминати периоди, …