„Ден без автомобили“, активност на ученичката заедница од СОУ „Наум Наумовски Борче“ од Крушево

„Ден без автомобили“, активност на ученичката заедница од СОУ „Наум Наумовски Борче“ од Крушево

Ученичката заедница при СОУ „Наум Наумовски Борче“ од Крушево, утре 22 септември, со поддршка на Општина Крушево организира активност за одбележување на ден без автомобили.

Преку социјалните мрежи, ученичката заедница ги повикува сите граѓани да се приклучат за утрешната активност, со тоа што нема да ги користат автомобилите доколку немаат итна потреба.

Во објавата на фејсбук страната на училиштето се вели:

„Почитувани граѓани на општина Крушево,

Ве известуваме дека ученичката заедница при СОУ „Наум Наумовски – Борче“ Крушево, на ден 22.09.2020 (утре), организира активност по повод светскиот ДЕН БЕЗ АВТОМОБИЛИ и ве повикува да се приклучите и да дадете свој придонес, со тоа што не би ги користеле вашите автомобили, доколку не ви е неопходно или не ви претставува потреба.

Однапред ви се заблагодаруваме за вашата поддршка и придонес и исто така упатуваме голема благодарност до градоначалникот на општина Крушево, како и до останатите институции кои веќе ни ја дадоа нивната поддршка.

И ние ќе бидеме тука, од 08:00 часот, ќе ве чекаме на главната улица со цел да ја поттикнеме нашата заедничка еколошка свест, за почисто Крушево!“.

Прочитајте повеќе

Трошок од 800 илјади евра за дијаспората, зошто гласањето не е онлајн?

Трошок од 800 илјади евра за дијаспората, зошто гласањето не е онлајн?

Дијаспората ќе гласа само на претседателските избори, бидејќи не е исполнет условот за тоа да …