Денешни настани организирани по повод 8 Септември- Денот на независноста

Денешни настани организирани по повод 8 Септември- Денот на независноста

По повод 8 септември – Денот на независноста на Република Северна Македонија во организација на Владата на Република Северна Македонија, под мотото: „Обединети во слободата“ ќе бидат одржани повеќе свечени и културни активности во целата држава.

Од 11:00 часот во  ГОБ „8-ми Септември“, премиерот Ковачевски и министерот за здравство Беким Сали заедно со директорот на ГОБ „8-ми Септември“ др. Христијан Костов, ќе присуствуваат на презентација на нов апарат за зрачна терапија на онколошки пациенти, по што ќе следат изјави за медиумите.
Во 19:30 часот, започнува Централната прослава на платото на паркот „Ибни Пајко“ на која ќе се обрати претседателот на Владата, Димитар Ковачевски.
Планирани се и изведби на музички солистички нумери од познати пејачи и групи. Централната манифестација ќе се пренесува во живо на Националната радио-телевизија, како и на каналите на социјалните мрежи на Владата на Република Северна Македонија.

Дополнително, од 11:00 часот до 14:00 часот, во Скопје, во Градскиот парк на „Школка“ ќе се одржи манифестација која вклучува програма за деца, со учество на Театарот за деца и младинци кои ќе ја одиграат куклената претстава „Лакомата Меца“, по што ќе следат и тактичко показни вежби на единиците на Армијата на Република Северна Македонија и на  Министерството за внатрешни работи.

Под мотото „Обединети во слободата“, во организација на Владата на Република Северна Македонија, покрај многубројните пригодни манифестации, за граѓаните, од 11:00 до 20:00 часот ќе бидат отворени за посета, со бесплатен влез, повеќе културни установи, музеи и галерии.
Сите заинтересирани граѓани ширум Републиката, ќе имаат можност да ги посетат археолошките наоѓалишта „Стоби“ и „Хераклеја“, Музејот Охрид и Куќата на Робевци, музеите и заводите во Прилеп, Штип и Струмица, музеите на Куманово, на Крушево и на Гевгелија, како и во Тетово: Музејот на Тетовскиот крај и Уметничката галерија.
Во Битола, граѓаните ќе имаат можност за бесплатен влез во Музејот на албанската азбука како и во Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј, во Кичево пак, во Музејот на Западна Македонија во НОВ.
Во Скопје, ќе бидат отворени за посета, Археолошкиот, Природонаучниот музеј, Музејот на македонската борба за самостојност, Музејот на Северна Македонија, Музејот на современата уметност, како и Националната Галерија на Македонија.

Прочитајте повеќе

земјотрес

Во Берово и Пехчево почуствуван земјотрес со јачина од 3,2 степени

Според досегашните податоци, земјотресот е почувствуван од жителите овие подрачја, а интензитетот се движи од …