Денеска е Светскиот ден за борба против СИДА

Денеска е Светскиот ден за борба против СИДА

Денеска, 1 декември 2018 година, СЗО ќе им се придружи на глобалните партнери за да го одбележи Светскиот ден за борба против СИДА под темата “Дознај го својот статус”. Ова, исто така, ќе биде повод за прослава на 30-годишнината од Светскиот ден за борба против СИДА – пионерска глобална здравствена кампања која беше иницирана од СЗО во 1988 година.

Застапувањето и комуникацијата на Светската здравствена организација за Светскиот ден за борба против СИДА-та 2018 ќе се стреми кон постигнување на следните цели:

  • Да ги поттикне луѓето да го дознаат својот статус на ХИВ инфекција преку тестирање и да пристапат до услуги за превенција, третман и грижа за ХИВ;
  • Да ги повика креаторите на политики да промовираат агенда “здравје за сите“ за ХИВ и сродни здравствени услуги, како што се туберкулоза (ТБ), хепатитис и незаразните болести.

Извор: Либертас

 

Прочитајте повеќе

земјотрес

Во Берово и Пехчево почуствуван земјотрес со јачина од 3,2 степени

Според досегашните податоци, земјотресот е почувствуван од жителите овие подрачја, а интензитетот се движи од …