Заев за снимените разговори во ОЈО: Опрема за снимање во 2016 била поставена и во Основен суд 1

Одговори на новинарски прашања од премиерот Зоран Заев, по посетата на пациентот кај кого за прв пат во нашата земја беше имплантирано механичко срце:

Новинарско прашање: Коментар околу последните објави на ЈО дека се пронајдени хард дискови со прислушкувани разговори, како вие гледате на овој втор скандал кој што ни се случува со прислушување последниве години?

Заев: Јас сум информиран, во моментот кога министерот за внатрешни работи е информиран за истрага, која што е отпочната пролетта, ќе каже точно јавниот обвинител кој што ја работел истрагата.

Се работи за систем поставен во централата за внатрешната комуникација на Јавното обвинителство. Исто така знам дека истоветен систем е поставен и во Скопскиот суд 1, и ќе кажат каде се, уште далечната 2016 година, некаде тоа е користено, некаде не е користено. Истрагата ќе покаже, кој тоа го користел, кој тоа го злоупотребил, јас верувам дека ги имаат сите наоди.

Ова претставува уште доказ колку била упропастена Република Македонија. Ова се сериозни работи и нема играчки, се работи за приватноста на луѓето. Во конкретниот случај, се следела комуникацијата, колку што сум информиран, внатре, во интерната комуникација на самата институција, како комуницирале јавни обвинители, јавни истражители и сите што работат.

Ова претставува уште една потврда колку била руинирана Македонија, колку е важно правниот систем да го вратиме во државата. Колку е важна борбата против корупцијата, и борбата против целокупниот криминалитет во Република Македонија.

Јас ги охрабрувам институциите да продолжат со вака храбри изјави и храбри истраги, се додека не станеме нормална земја.

Драго ми е што другите сегменти, како што е здравството, се надевам образованието ќе даде сериозни резултати во периодот што претстои пред нас, но без владеење на правото, без понесување никаква одговорност, не можеме да очекуваме никаква перспектива.

Остануваме сериозни борци за правна држава, борба против криминалот и сето она што се случува во Република Македонија, од периодот на режимот кое што се одолговлекува се до сега.

Никој не знае до каде стигнало големото уво, така да го кажам, во аспирацијата да се следи се и сешто во Македонија. Јас се надевам, очекувам дека истражните органи ќе ги дадат сите одговори, затоа што се должни да ги дадат сите одговори пред граѓаните.

Новинарско прашање: Ваква иста опрема со исти хард дискови за снимање има и во оновниот суд Скопје 1. Тоа сега го објавувате?

Заев: Кога новите опреми на институциите се монтирале, за внатрешна комуникација што постои, се монтирале и вакви хард дискови за снимање.

Некаде тие биле ставени во употреба некаде не биле ставени во употреба.

Јас го знам тоа уште во самиот период на промена на раководители на институции кои што тоа го воочиле и веднаш го пријавиле. Истрагата е отворена од тогаш, еве веќе е обзнането за таа истрага, сите детали ќе можат да ги дадат истражните органи. Но мене ми е многу важно да направиме една јасна динстинкција и пресек дека тоа е правено некаде 2016 година, не знам дали е тоа летото, септември ли, било кога се вградувале. Тоа го дигнало алармот уште тогаш кај сите институции кои што имаат нови технологии и за внатрешни комуникации помеѓу себе, таканаречени централи кои што се монтирани да ги проверат сите можности, но еве истрагата е при крај, се соопштуваат сите детали и следните денови ќе се дознаат уште многу.

Новинарско прашање: Опозицијата вели, тогаш министер беше Оливер Спасовски!?

Заев: Апсолутно, набавката која што се направила е во јавното обвинителство, и во Скопскиот суд 1, знаат кој раководел тогаш, и тие ќе си ја понесат својата одговорност, и бегање од тоа нема.

Бидејќи ќе покаже истрагата, ако е тоа направено со знаење, а тие кои што набавуваат, потпишуват, исплаќаат за ваквите централи, секако ќе си понесат одговорност.

А ВМРО-ДПМНЕ која што дава ваква изјава беше главниот поддржувач на ваквите начини и владеење во државата, а господинот Мицкоски беше десната рака на Груевски. Веројатно тоа е пренесено како некоја оставштина и наследство, но секако истрагата ќе ги покаже сите детали. И она што е за мене важно, како претседател на Владата, да се понесе одговорност, према секој оној кој се дрзнал и да помисли, а не па да вгради вакви системи на следење, со што се нарушуваат приватните комуникации на граѓаните. Без разлика дали се тоа приватни надвор од работа или службени комуникации, тоа е недозволиво никаде во светот, недозволиво е и во Репулика Македонија.

Прочитајте повеќе

Одбележана 4-годишнината од членството на Северна Македонија во НАТО (Видео)

Во Министерството за одбрана, денеска со свечена церемонија на која се обратија првиот вицепремиер за …