Дожд Дождливо време ветер ветровито

Денеска и до крајот на неделата нестабилно со локален пороен дожд

Денеска ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, на места нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на ситен град. Температурата ќе се движи во интервалот од 12 до 22 степени.

Утре времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. На места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд, засилен до силен ветер и услови за ситен град. Ќе дува засилен северен ветер, што ќе услови намалување на дневната температура за неколку степени. Во четврток и петок утринските температури ќе бидат пониски а максималната дневна ќе достигне 23 степени Целзиусови.

Прочитајте повеќе

Муцунски: Позициите на Македонија и Бугарија и понатаму се значително оддалечени, но разговорите се во позитивен дух

Муцунски: Позициите на Македонија и Бугарија и понатаму се значително оддалечени, но разговорите се во позитивен дух

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски информира дека на маргините на Меѓународната конференција за Коридорот …