Дизелот поевтинува три денари, бензините за денар и пол

Дизелот поевтинува три денари, бензините за денар и пол

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ) на Република Северна Македонија донесе одлука за поевтинување на сите нафтени деривати, освен на мазутот. Причина за ваквата одлука е поевтинувањето на дериватите на светските нафтени берзи, објаснува комисијата.

Поевтинувањето на дизелот е три денара за литар, кај бензините денар и пол за литар, а екстра лесното масло за домаќинство поевтинува за два и пол денара. Мазутот поскапува незначително.

Новите цени ќе важат по полноќ, односно од првата минута на утрешниот ден.  Горивата ќе се продаваат по следните цени: бензинот Еуросупер БС – 95 за 81 денари за литар, бензинот Еуросупер БС – 98 за 83,5 денари за литар, Еуродизел БС (Д-Е V) за 71 денари за литар и екстра-лесното за домаќинства ќе се продава за 70 денари за литар. Мазутот М-1 НС ќе чини 41,437 денари за килограм.

Прочитајте повеќе

Платата на премиерот е 140.450 денари, а на министрите по 115.540 денари

Платата на премиерот е 140.450 денари, а на министрите по 115.540 денари

Владата јавно ги објави платите на претседателот на Владата, како и на министрите. Според објавените податоци, највисока …